| четврток, 6 декември 2018 |

Вевчанци гласале најмногу до 13 часот

Во скопските општини најголем одзив до 13 часот има во Карпош - 34,47 проценти, а најмал во Чаир - 25,88 отсто. Во другите општини, во Аеродром 33,40 проценти излагле да гласаат, во Гази Баба 29,67 проценти, во Ѓорче Петров 30,35, во Кисела Вода 33,20, а во Центар 34,28

Жителите на струшката општина Вевчани биле најревносни и до 13 часот дури 60,52 проценти излегле да гласаат на локалните  избори кои се во тек, соопштија од Државната изборна комисија (ДИК). Според официјалните информации од 2.055 регистрирани гласачи, право на гласво Вевчани искористиле 1.243 жители на општината.

Likalni izbori Kicevsko 2013_017

Според ДИК, најмал одѕив има во општината Маврово-Ростуше каде што од 9.416 жители со право на глас, правото го искористиле само  1.988 или само 21,12 проценти.

Во скопските општини најголем одзив до 13 часот има во Карпош – 34,47 проценти, а најмал во Чаир – 25,88 отсто. Во другите општини, во Аеродром 33,40 проценти излагле да гласаат, во Гази Баба 29,67 проценти, во Ѓорче Петров 30,35, во Кисела Вода 33,20, а во Центар 34,28.

До 13 часот во Струга излегле 32,77, а во Кичево 52,64 проценти.

Просечен одзив до 13 часот, според ДИК е 35 проценти.

odziv_1-500 odziv_2-500 odziv_3-500 odziv_4-500 odziv_5-500

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top