Полицијата во Далас уби двајца мажи кои извршиле вооружен напад пред зграда каде што се одржувал конкурс за карикатури против пророкот Мухамед.
На настанот присуствувал и холандскиот десничарски политичар Герт Вилдерс, кој е познат по своите антиисламски ставови и е лидер на евроскептичната Партија на слободата.
Напаѓачите пукале на еден припадник од обезбедувањето во предградие на Далас, а потоа биле убиени во престрелка со полицијата. Припадникот на обезбедувањето не се наоѓа во животна опасност.
Се врши претрес во автомобилот на напаѓачите бидејќи постои сомнеж дека во него се наоѓа бомба, соопшти полицијата.
Очевидец изјави дека слушнал околу 20 истрели, кои наводно доаѓале од автомобилот кој минувал покрај зградата, каде што се одржувала конференција.
Конкурсот за карикатури на пророкот Мухамед го организирала асоцијацијата Иницијатива за слободна американска одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)
-
Постојано се зголемува бројот на загинати: Досега 235 загинати во терористичкиот напад во Египет