Екипата на Интер не успеа да победи на домашен терен против Кијево одигрувајќи без голови на Џузепе Меаца“ и со тоа да си ги поремети плановите за четири кола до крајот на првенството.
Сега тимот на Роберто Манчини има се помалку шанси за пласман во Лигата на Европа бидејќи заостанува три бода зад Фиорентина која се наоѓа на петтото место кое води во Лига Европа.
Лацио на гостински терен во Бергамо против Аталанта успеа да освои само бод и со тоа да падне на третото место на табелата зад Рома која рутински славеше победа од 2-0 против Џенова.
Иако домаќините настапија без својот најдобар стрелец, Герман Денис, кој е суспендиран, сепак им создадоа огромни проблеми на „лацијалите“, па и први дојдоа во водство преку Бјава. Гостите до крајот тргнаа во целосна офанзива, успеаја да го израмнат резултатот преку Пароло, но не и да направат целосен пресврт.
Atalanta vs Lazio 1-1 All Goals and Highlights… by footballTV
Фиорентина лесно на домашен терен ја совлада Чезена со 3-1 со двата гола на Иличиќ и еден на Џилардињо.
Резултати: Рома – Џенова 2-0, Аталанта – Лацио 1-1, Фиорентина – Чезена 3-1, Интер – Киево 0-0, Верона – Удинезе 0-1.
Вечерва се игра дребито меѓу Наполи и Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)