Коалициските сили, предводени од Саудиска Арабија, употребиле американски касетни бомби во воздушните напади против шиитските бунтовници во Јемен, соопшти денеска организацијата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ), предупредувајќи на долготрајни последици врз цивилите.
Организацијата, чие седиште се наоѓа во Њујорк, наведува дека собрала фотографии, видео снимки и други докази дека е користена касетна муниција во воздушните напади на коалицијата врз упориште на Хутите во провинцијата Сада, во северниот дел на Јемен.
Анализите на сателитските снимки покажуваат дека бомбите паднале на околу 600 метри од населено подрачје, пишува во соопштението на ХРВ.
Касетната муниција е забранета во 2008 година со договор, кој е усвоен од 116 држави, но не и од Саудиска Арабија и нејзините коалициски партнери, ниту од САД.
– Во воздушните напади со касетна муниција, предводени од Саудиска Арабија, биле гаѓани подрачја во близина на села, доведувајќи го локалното население во опасност, истакна директорот на ХРВ за оружје, Стив Гус.
Се претпоставува дека во Јемен се употребувани касетни бомби „CBU-105“, произведени од корпорацијата „Текстрон системс“, а со кои САД во изминатите години ги снабдува Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, се додава во соопштението
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драма во центарот на Белград: За влакно избегнат хорор, пронајдени бомби во торба која се распаѓала
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!
-
Во Јемен секој ден умираат по 130 деца
-
Ниту Канскиот фестивал не е поштеден од терористи: Луѓето евакуирани поради сомнителен предмет