| четврток, 6 декември 2018 |

Шок на Бахамите, Јусеин Болт и Јамајка загубија во штафетна трка (видео)

atletika

На светското првенство на Бахамите, штафетата на Јамајка загуби во финалето од американскиот состав во дисциплината 4×100 метри, а за Јамајка настапи и најбрзиот човек на планетата Јусеин Болт.
Златните момци за Американците беа Мајк Роџерс, Џастин Гетлин, Тајсон Геј и Рајан Бејли, кои трката ја завршија за 37,38 секунди, а Јамајканците минаа низ целта за 37,68.
Болт трчаше во четвртата измена не успеа да ја надокнади предноста што ја направи првите три измени на американската штафета.
Оваа штафета беше најавувана како пресметка помеѓу Гетлин и Болт, но Американецот беше втор во својата штафета. Овие дваца спринтери се немаат натпреварувано уште од 2013 година, меѓутоа би можеле да бидат еден покрај друг во директен дуел, во штафетата 4х200.
За Јамајка не настапи освојувачот на сребрен медал на 100 метри од Олимписките игри Блејк кој го откажа настапот поради повреда, како ниту Асафа Пауел, кој го држеше рекордот пред Болт на 100 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top