Тимот на ЛА Клиперс ноќеска успеа да постигне победа 111:109 во мајсторката од првото коло од плеј офот во НБА лигата против шампионот Сан Антонио и со тоа да го елиминира со вкупни 4-3 во добиени натпревари.
Решавачкиот кош на една секунда пред крајот го постигна Крис Пол, откако му избега на Дени Грин, а потоа ниту Тим Данкан не успеа да го изблокира.
Пол постигна 27 поени, а неговиот соиграч Блејк Грифин имаше „трипл-дабл“: 24 поени, 13 скокови и 10 асистенции.
Во конференциското полуфинале на „Запад“, ЛА Клиперс ќе играат против Хјустон.
Вечерва се играат првите два дуела од полуфиналето: Атланта – Вашингтон (Исток) и Голден Стејт – Мемфис (Запад).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)