| четврток, 6 декември 2018 |

Израел предупредува за опасност од напади во Тунис

тунис

Израел синоќа соопшти дека дознал за „конкретни закани“ од терористички напади врз еврејски или израелски цели во Тунис.

– Информацијата укажува дека постојат планови за терористички напади врз Израелци или Евреи во Тунис – се наведува во соопштение од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин  Нетанјаху.

Заканите се поврзани со еврејскиот празник Лаг Ба-Омер, кој се прославува на 7 мај, се додава во соопштението, со повик до евреите да не патуваат во Тунис во тој период.

Илјадници верници ги посетуваат гробовите на познатите рабини за време на овој празник, вклучувајќи го и островот Ѓербу, каде живее една од последните еврејски заедници во арапскиот свет.

Неколку илјади Евреи од Франција и Израел заминуваат на овој остров секоја година.

На островот Ѓербу, при нападот врз древната синагога Ел Гриба во 2002 година, се убиени 19 лица, за чие извршување е обвинета Ал Каеда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top