„Фамацевтите“ од Леверкузен во дербито од Бундес лигата го најдоа лекот за старо-новиот шампион на Германија, екипата на Баерн Минхен победувајќи го на домашен терен со 2-0.
Тренерот на баварците на овој натпревар настапи без неколку стандардни првотимци бидејќи го очекува натпревар со Барселона во среда во рамките од Лигата на шампионите. Сепак победата на Леверкузен е чиста како солза, а головите за домаќините ги постигнаа Чалханоглу во 55 минута од слободен удар и Џулијан Брант во финишот од мечот.
Со оваа победа Баер Леверкузен има 51 бод и се наоѓа на третото место на табелата со бод повеќе од Борусија Менхенгладбах која има натпревар помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)