Барселона продолжува со фантастичните игри и одличните реализаторски способности откако пред четири дена му нанесе тежок пораз нд 6-0 на Гетафе, попладнево на гостувањето кај Кордоба беше уште поуспешна успевајќи да постигне осум гола.
Со новата победа Барселона направи дополнителен притисок над Реал Мадрид на кого му избега на табелата со пет бодови предност, но Реал има натпревар помалку оној на тешкото гостување во Севилја вечерва.
По ваквата уверлива игра на Барселона пред натпреварот од Лигата на шампионите со Баерн Минхен, баварците треба да ја одиграат можеби најдобрата игра сезонава за да може да им парираат на каталонците.
Иван Ракитиќ во 42.минута го отвори резултатот на оваа средба. Пред крајот на првиот дел и Луис Суарез ја затресе мрежата на домашните.
На самиот почеток на вториот дел, Лионел Меси зголеми на 0-3, а Барселона беше безмилосна, броеше до седум, па во листата на стрелците се запишаа и Пике, Нејмар, уште еднаш Меси, а Суарез јз заокружи средбата со хет – трик.
All Goals —Cordoba 0:8 Barcelona— 02/05/15 HD by OfficialGoals
Атлетико Мадрид не успеа во текот на целиот натпревар да го скрши силниот отпор на Атлетик Билбао одигрувајќи само 0-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



