Првото истражување со магнетна резонанца врз бебиња покажа дека тие чувствуваат болка на ист начин како и возрасните лица, кога се подложени на ист вид болни надразнувања.
Британските научниците од Универзитетот Оксфорд утврдиле дека 18 до 20 подрачја на мозокот, кои кај возрасните лица се активни во текот на болните надразби се активни и кај бебињата.
Резултатите од истражувањата покажуваат и дека прагот на болката кај бебињата е помал, па од тоа произлегува потребата за преиспитување на досегашната пракса во ублажување на болката кај бебињата.
Научниците со помош на магентна резонанца ги следеле реакциите на мозокот на заспани бебиња на дразба со благ интензитет по стапалата, која би одговарале на „боцкање со молив“.
Тие утврдиле дека на дразбата со помал интензитет бебињата реагирале исто како и возрасните, што сугерира дека прагот на болката кај бебињата е многу помал.
– Бебињата не можат ништо да кажат за нивните доживувањата на болка и тешко е да се извлечат заклучоци само врз основа на набљудување, рече водачот на истражувањето, педијатарот, Ребека Слејтер.
Некои тврделе дека мозокот на бебињата не е доволно развиен за да можат вистински да чувствуваат болка, но нашето истражување дава силни докзи дека тоа не е така, истакна Слејтер и додаде дека истражувањето утврди дека бебињата не само што трпат болка, туку на неа се почувствителни од возрасните лица.
Соодветно на тоа Слејтер смета дека ако се даваат средства против болка на повозрасни деца при некои зафати, тогаш би морало да се разгледа можноста за давање на аналгетици и на бебињата.
Во рамкие на истражувањето проучувана е реакцијата на десет здрави бебиња на возраст меѓу еден и шест дена и на десет возрасни лица меѓу 23 и 36 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.