Екипата на Хановер која грчевито до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во Бундес лигата освои голем бод на гостувањето кај Волфсбург одигрувајќи 2-2.
Домашната екипа имаше предност во првото полувреме дури и од 2-0 со головите на Дост и Перишиќ во 24 и 45 минута, но упорните гости за нешто повеќе од 10 минути во вториот дел дојдоа до израмнување и заслужено освоија голем бод.
Шалке во рамките од 31. коло забележа победа во последната минута од натпреварот, а жртва овој пат беше Штутгарт со 3-2. Гостите водеа се до 78 минута кога Хунталар со својот втор гол го измрани резултатот, а трагичар беше Клајн бидејќи токму со неговиот автогол Шалке победи.
Борусија Дортмунд одигра 1-1 на гостувањето кај Хофенхајм. Први на мечот поведоа домаќините со голот на Фоланд во 33. минута, а за само две минути подоцна на 1-1 изедначи Хумелс.
Резултати Германија 31.коло: Аугсбург – Келн 0-0, Вердер – Франкфурт 1-0, Фрајбург – Падерборн 1-2, Хофенхајм – Борусија Д. 1-1, Шалке – Штутгарт 3-2, Волфсбург – Хановер 2-2 Баер Л. – Баерн М. (18:30 ч).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



