Првата група на туристи од земјите на Бенелукс, кои годинава ќе одмараат на Oхридската ривиера ќе пристигне во вторник на 5-ти мај 2015 година. На Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ за патниците на овој лет ќе биде организиран пригоден пречек.
Според најавите на домашните ин-каминг агенции, на 10-ти мај во Охрид ќе треба да пристигнат и првиот чартер авион на туроператорот „ТУИ Аркетравел“.
Податоците на туроператорите велат дека продажбата на аранжманите за Охрид бележат пораст за околу 30 проценти, споредено со истиот период минатата година. Проценките врз основа на сегашниот интерес за македонската туристичка понуда се дека во текот на летната сезона 2015 на Охридската ривиера и во Македонија ќе летуваат околу 25 илјади туристи од Холандија, Белгија и Луксембург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.