Од МВР потврдија дека автомобил „фиат пунто“ утрово удрил во возилото „ауди“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но тој за време на несреќата не бил во автомобилот.
Според информациите, во сообраќајката во Струмица се повредени шест лица. Во „аудито“ покрај возачот, имало уште тројца патници.
Од полицијата соопштуваат дека несреќата се случила на крстосницата меѓу улиците Климент Охридски и Братство и единство во Струмица, утрото во 9 часот. Се судриле две патнички возила и тоа, „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М. (25 ) од Радовиш и „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.А. (58) од Струмица.
Во сообраќајката со телесни повреди се здобиле возачот на пунтото В.М. и двајца сопатници С.Ѓ. (25) и З.М (32), сите од Радовиш, а од аудито со телесни повреди се здобиле Ј.А. (53), Д.К. ( 61) и Р.К. (66) сите од Струмица.
Извршен е увид на лице место, а сите повредени се пренесени во Медицинскиот центар во Струмица за укажување помош. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев на Самитот на земјите членки на Европската иницијатива
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Заев: Горам од желба да ги соопштам деталите за бегството на Груевски
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)


