Екипата на Арсенал се наоѓа во моментов на трето место на табелата во Премиер лигата со 67 бодови и натпревар помалку од конкурентите, со што оваа екипа може да се надева на второто место на крајот од лигата бидејќи на лидерот Челзи потребна му е уште една победа за да ја обезбеди титулата.
Популарните „топџии“ последните две сезони завршуваа на четвртото место. За менаџерот на Арсенал Арсен Венгер оваа сезона е позитивна.
– Напредувавме и тоа е најважно. Покажавме константност во текот на сезоната, а единствено не можевме да им се спротивставиме на Челзи. Нашите главни играчи беа повредени и моравме да бараме рамнотежа, за британските медиуми изјави Венгер.
Во рамки на 35.коло Арсенал в понеделник гостува кај Хал, а екипата на Венгер од февруари нема пораз во Премиер лигата. Зад лидерот Челзи, Арсенал заостанува 13 бодови, додека има ист број бодови со Манчестер Сити и натпревар помалку, а два бода повеќе од Манчестер Јунајтед, кој е на четвртото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


