Роџер Федерер успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот што се игра во Истанбул. Тој денеска во натпревар од четвртфиналето со 2:1 во сетови го совлада Даниел Гимено-Травер.
Натпреварот траеше два часа и 28 минути и третиот сет Федерер го доби со 6:3 во гемови, додека претходните два сета по еден освои секој од играчите во тај-брек.
Федерер во полуфиналето ќе игра против Диего Шварцман, кој исто така со 2:1 во сетови го победи Сантијаго Гиралдо.
Во вторите два четвртфинални меча играат: Иван Додиг – Григор Димитров и Пабло Куевас – Томас Белучи. Победниците од овие мечеви ќе играат во второто полуфинале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


