Уапсен е 53-годишен кондовец осомничен за насилство, тероризам и други кривични дела.
Според неофицијални информации објавени во медиумите, уапсениот бил дел од групата на кондовецот Агим Красниќи. Кондовецот во крим евиденцијата на МВР се јавува како сторител на кривичните дела здружување заради непријателска дејност,подготвување на терористичко загрозување, злосторничко здружување, предизвикување општа опасност,тешки дела против општата сигурност, недозволена трговија со дрогаза што од страна на судот му биле изречени и затворски казни. |
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.