| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата уапси кондовец за сторени повеќе кривични дела

апсење

Полицијата го лиши од слобода А.Џ. (53) од Кондово постапувајќи по судски наредби за сторени кривични дела „насилство“, „тероризам“ и „казнување за подготвување“.

А.Џ. минува во крим евиденцијата на МВР за сторени кривични дела „здружување заради непријателска дејност“, „подготвување терористичко загрозување“, „злосторничко здружување“, „предизвикување општа опасност“, „тешки дела против општата сигурност“, „недозволена трговија со дрога“ за што од страна на судот му биле изречени и затворски казни.

По изречената мерка притвор тој е спроведен во КПУ „Скопје“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top