| четврток, 6 декември 2018 |

Отказ за Пејиќ во Кожув, Ефтимов ќе ги води гевгеличани

Тренерот на кошаркарскиот клуб Кожув, Милош Пејиќ, доби отказ од раководството на гевгеличани по низата порази во Суперлигата, а српскиот стратег привремено на клупата ќе го замени неговиот досегашен помошник Илија Ефтимов.

Кожув тргна лошо на почетокот на суперлигашкото натпреварувања, што го чинеше отказ Пејиќ. Тој го замени Ичелиќ и успеа да го одведе тимот до финалето на македонскиот национален куп.

Причината за заминувањето на Пејиќ се лошите резултати на Кожув во последниот период, но и несогласувањето со дел од играчите на тимот.

kozuv-kumanovo07

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top