| четврток, 6 декември 2018 |

Кокаин вреден 500 милиони фунти фатен на брод

brodovi drogaБританската морнарица и граничарите пред една недела на еден пловен објект во Северното Море открија повеќе од три тони кокаин, чија вредност на „црниот пазар“ изнесува повеќе од 500 милиони фунти, што е досега најголемата заплена на дрога од прва класа во Велика Британија.

Бродот „Хамал“, регистриран во Танзанија, бил пресретнат на 23 април од бродови на кралската морнарица и граничната полиција на речиси стотина милји источно од Абердин.

Во врска со овој инцидент покренати се обвиненија против деветмина Турци, на возраст меѓу 26 и 63 години.

„Хамал“ е однесен до пристаништето во Абердин, каде започнала истрага и било пронајдено огромното количество кокаин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top