Граѓанската асоцијација МОСТ регистрирала шест случаи на изборна нерегуланост при што членовите на избирачките одбори на глас ги читале имињата на гласачите.
Такви случаи биле забележани на изборното место 2692 во општина Аеродром, каде што откако било реагирано на таквата практика, членовите на избирачките одбори продолжиле да ги читаат на глас, но потивко. Во ИМ 2809 во општина Центар, исто така, се читани имињата на гласачите на глас, а образложението било дека тоа било договор меѓу поднесувачите на листи. Такви случаи се регистрирани и во ИМ 2638 во општина Карпош, 2816 во општина Центар, 2642 во општина Карпош, 2650 во општина Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.