| четврток, 6 декември 2018 |

Првата реклама во Кралството Југославија

reklama
Денешните реклами се брзи, гласни, кратки, полни со звуци и боја. Сепак, не било секогаш така. Нема да верувате, но ова е една од првите реклами од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, снимена во 1926-тата година во Белград, а рекламира паста за заби.

Рекламата трае неверојатни 7 минути и 42 секунди, а била снимена во Белград во 1926-тата година. Во главните улоги биле девојките Наталија и Милица. Додека Наталија е кралица на плажата, секогаш окружена со мажи, Милица мажите ја избегнуваат и секогаш е сама, а не ја знае причината за тоа, пишува „Телеграф.рс“.

Таа потоа одлучува да побара совет од Наталија, која открива дека тајната е во пастата за заби. Рекламата била снимена во Белград, а ја режирал Јосип Новак.

Милица ја глумела Љубица Буба Вељковиќ, а Наталија ја глумела Невенка Урбанова, позната актерка од белградскиот театар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top