Една повозрасна жителка на Карпош, денеска на гласањето на своето избирачко место, откако сфатила дека заокружила погрешен број на гласачкото ливче, побарала и добила ново ливче за гласање, соопшти на конфренција за печат граѓанската иницијатива МОСТ.
Членката на избирачката комисија што ги давала ливчињата ѝ дала на жената ново ливче, а претходното го искинала. На тоа реагирале набљудувачите, а претседателката на комисијата се испаничила и не знаела што да направи, па го залепила ливчето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.