| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на загинатиот во несреќата кај Галичник

Четириесет и пет годишниот Горан Т. е лицето што вчера го загуби животот во несреќа на патот Маврово-Галичник кај Царевец.

При расчистување на снежните наноси на патот со машина, 61-годишниот велешанец Д.П. при движење наназад го прегазил Горан, кој, најверојатно, бил ангажиран како помошник.

Полицијата, екипи од СВР Тетово и јавен обвинител извршиле увид на местото на несреќата, а телото на починатиот е предадено на обдукција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top