Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски, денеска изрази задоволство од текот на кампањата што измина и рече дека очекува доверба од граѓаните.
– Денеска е убав сончев ден во кој граѓаните на Град Скопје и на Република Македонија ќе можат да ги изразат своето право на глас. Очекувам доверба од граѓаните на Град Скопје врз основа на сето тоа што е направено во изминатите четири години од страна на Град Скопје, како и од она што во моментов се прави, проектите што се градат и врз основа на проектите што им се нудат на граѓаните на главниот град – рече Трајановски откако гласаше во просториите на урбаната заедница Автокоманда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата