Одговорот на косовски Албанци – кои се уште сакаат да добијат се и одбиваат секаков компромис во врска со северот – на српската нова „резолуција за Косово“ и платформата, веројатно ќе ги исплаши нивните меѓународни пријатели и ќе го подигне спектарот на албанскиот иредентизам, смета Џералд Галучи, американски дипломат и миротворец на ОН.
Неодамна, стана веројатно да се поверува дека главните западни земји кои ја поддржуваат независноста на Косово, сега се преиспитуваат дали се во можност да го решат проблемот на северот преку сила. ЕУ и НАТО сопреа во обидот да го наметнат владеењето на Приштина врз косовските Срби, и наместо тоа застанаа настрана за да ги поддржат директните преговори.
Се чини дека владата во Белград по Тадиќ изгледа оди побрзо напред кон прифаќањето на практичната независност на Косово, со ставањето настрана на прашањето на сувереноста (оставајќи им на двете страни можност дали тоа навистина го сакаат), и понуди да ги „нормализира“ односите преку практични решенија на практични прашања. Токму новата „резолуција за Косово“ и платформата зад неа, нудат можност да се реши прашањето за северот во таква практична смисла, со степен на локална автономија која оди уште понапред отколку планот на Ахтисари. Квинт можеби се подготвени да прифатат таков исход за конечно да го истресат косовското прашање од своите чевли. Ова можеби нема да ги задоволи косовските Албанци, кои се уште сакаат да добијат се и одбиваат дури и најмали навестувања за компромис во однос на северот. Нивниот одговор – оној кој успешно беше користен во минатото – веројатно ќе ги исплаши нивните меѓународни пријатели и ќе ја врати ситуацијата назад на почетокот со подигнувањето на спектарот на албанскиот иредентизам.
Страната на косовските Албанци често наведуваше дека секој обид да се признае самостојноста на северот, може да доведе до регионална нестабилност во форма на притисок од Албанците од јужна Србија и од Македонија. Сега соочени со можен компромис, Албанците повторно ги острат нивните копја за регионална нестабилност:
а. Косовските претставници во ЕУ неодамна предупредија дека „српските и албанските енклави во Босна, Македонија и во Србија, исто така бараат автономија; секоја промена на сегашните граници во регионот може да ја загрозат стабилноста“.
б. Движењето за Самоопределување директно го отвори прашањето за „Голема Албанија“, со повик до Албанија и Косово да станат „федерација“.
в. Локалната мнозинска влада на Албанците во Прешево подигна провокативен споменик на „Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац“ (УЧКПМБ), која се бореше за отцепување од Србија – и ја предизвика српската влада да го отстрани додека од друга страна бара помош да се „интернационализира“ ова прашање, како што НАТО направи тоа во Косово во 1999.
г. Таканаречената Албанска национална војска (АНА) на Косово, се закани со оружени акции и дека „ќе ги мобилизира“ своите членови за одбрана од српските закани затоа што ќе отцепат дел од косовската територија, и заради заканата дека со сила ќе го тргнат споменикот на УЧКПМБ во Прешево.
Ова можеби е само перчење за да се види дали е можно Квинт да се исплаши. Белград можеби ќе биде мудар и ќе го остави споменикот и така нема да придонесе во ставање и на ова прашање. Но провокациите и заканите од насилства може не смеат да дозволат да се затвори вратата за компромиси во врска со Косово. Српското мнозинство стави јасно на знаење дека нема да го прифати владеењето на Приштина. Досега ниту една српска влада не се согласи да ја признае незавиноста на Косово. Ова не води никаде во однос на решавањето на косовскиот проблем, освен кон формулата која е сега на маса. Да се тргне настрана прашањето за признавањето, да се задржи северот во Косово но со зголемена локална автономија, да се постигне пристап со неутрален статус за прашањата како што се царината, имотите, телекомуникациите и струјата. Србија и Косово нека се подготват за ЕУ.
Сега, ако двете страни донекаде се согласат на размена на територии, Прешево за северот на Косово, зошто да бидат сопрени во тоа? Би било нечесно и контрапродуктивно за европејците да се спротивстават на консолидацијата на државата, само затоа тие се сметаат себеси за „постмодерни“ и повеќе од тоа. Но заканите за нестабилност ако едната страна не добие се што сака, треба да без размислување веднаш да бидат сопрени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


