Македонија во одлична партија вечерва во „Борис Трајковски“ несреќно загуби од светскиот шампион Франција во рамките од квалификациите за Европското првенство во Полска 2016 година со 25-27.
Нашите ракометари воопшто не се посрамотија против најдобриот тим на светот во последните 10 години, а на моменти беше и подобар тим.
Во натпревар во кој двете репрезентации имаа свои моменти победи посреќната репрезентација. Франција во текот на целиот натпревар имаше водство, на моменти и до четири гола разлика, но Кире и другарите покажаа дека се репрезентација за респект со одлични комбинаторики фаќаа приклучок вклучувајќи ја и публиката во натпреварот.
По лошиот старт на Борко Ристовки на голот застана Петар Ангелов кој успеа да фати 11 топки и да ги врати во игра своите соиграчи од нападот.
Во тие моменти разиграните крила Манасков и Георгиевски беа полетни, брзи и успешни во реализацијата. Кире Лазаров одлично ја предводеше Македонија со осум гола разигрувајќи и другите играчи.
Во клучните моменти ветаранот на голот на Франција и најдобар светски голман Тјери Омејер на три минути до крајот успеа да ги скроти ударите на Миркуловски и Стоилов и со тоа да ја одведе својата репрезентација до победа.
Франција е домаќин на Македонија во возвратниот дуел на 3.мај во Тулуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




