| четврток, 6 декември 2018 |

За борба против тероризмот, Франција дневно ќе троши околу еден милион евра

полици

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд изјави дека за спроведување на новиот план за борба против тероризмот Министерството за одбрана во следните четири години ќе има дополнителен буџет од 3,8 милијарди евра.

Оланд наведе дека новиот план за борба против тероризмот предвидува најголемата одговорност да биде на армијата и на Министерството за одбрана.

Тој наведе дека за овогодинешниот буџет на француското МО ќе бидат издвоени 31,4 милијарди евра, а во следните четири години ќе има и дополнителни средства од 3,8 милијарди евра. За новиот план за борба против тероризмот дневно ќе се трошат околу еден милион евра.

Новиот план предвидува зголемување на бројот на војници во француската армија, како и околу 7.000 војници да се обучат за учество во безбедносните акции во Франција.

По терористичкиот напад врз редакцијата на „Шарло Ебдо“ при што се убиени 12 луѓе во Франција значително се зајакнати безбедносните мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top