Карванот „Купи куќа, купи стан“ утре ќе биде во Прилеп. Министерството за финансии, заедно со претставници на банки и локални градежни компании, ќе одржи презентација на проектот.
Настанот, на кој присутните ќе може да се информираат како да аплицираат за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и плацеви за куќите, ќе се одржи во Општината во 17 часот.
Карванот продолжува секоја недела во различен град. Предвидено е да ги посети и Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.