Три часа откако беа отворени гласачките места во Демир Хисар, до 10 часот во општината Демир Хисар гласале 20 проценти од граѓаните што се евидентирани во единствениот избирачки список, информираат од општинскаата изборна комисија (ОИК) Демир Хисар.
– Гласањето почна навреме и се гласа на 40 избирачки места, а право на глас имаат 7.419 гласачи – истакна Љупчо Ѓоргиовски претставник на ОИК Демир Хисар.
Во општина Демир Хисар граѓаните имаат избор од четири кандидати за градоначалник и 33 кандидати за општински советници, кои се евидентирани на три листи за советници од кои ќе биде составен новиот Совет на Општина Демир Хисар, кој има 11 членови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.