| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовката Кристина најубава Македонка

Тетовката Кристина Димитријевска ја освои титулата зимска убавица на Македонија за 2013 година. На изборот што се оддржа во дискотеката „Колосеум“ во Скопје во петокот, за прва придружничка беше избрана Ана Трајковска, исто така, од Тетово, а втора Мартина Димитрова од Скопје.

zimska-ubavica03

Победничката добива право да ја претставува Македонија на еден од интернационалните избори за убавина за кои Модното студио „Црнокрак“ има лиценци. Водителка на изборот беше Светлана Црнокрак, а во музичкиот дел настапија најновата македонска рок атракција – „Пеперминт“.

Како изгледаа девојките во „Колосеум“ можете да видите во фотогалеријата на нашиот сајт.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top