| четврток, 6 декември 2018 |

Во нова лавина во Непал исчезнаа околу 250 лица

Powerful earthquake hits Nepal

Речиси 250 луѓе се водат како исчезнати откако снежна лавина во вторникот се урна врз селото Годатабел,сместено до популарната област за планинарење северно од непалската престолнина Катманду, изјави гувернерот на регионот.

„Станува збора за парк на природата, омилен меѓу туристите. Настојуваме да дојдеме до нив за да ги спасиме, но нашите напори ги попречуваат лошото време и дождот“, изјави за Reuters гувернерот Расува Удав Батараи.

Силниот земјотрес со магнитуда од 7,9 степени по Рихтер кој во саботата го погоди хималајското подрачје, како и десетиците последователни потреси, покренаа многу снежни лавини. Во една од нив животите ги загубија 18 алпинисти сместени во базниот лог на Монт Еверест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top