| четврток, 6 декември 2018 |

Шест ученици загинаа во лавина во Јапонија

lavina

Шест ученици од средно училиште се пронајдени мртви, а тројца се повредени, откако ги затрупа лавина додека планинареле на планина во градот Насу, во префектурата Точиги, на 120 километри од Токио, соопштија денеска локалните власти.

Според дел од јапонските медиуми, во лавината животот го загубиле и двајца наставници.

Властите во префектурата Точиги информираа дека околу 50 ученици и 11 наставници од седум средни училишта биле на планинарење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top