| четврток, 6 декември 2018 |

„Боинг“ отпушта 2.000 вработени

boing

Повеќе од 2.000 вработени, кои работеле на развојниот капацитет на авионите „747“ и „787“, ќе добијат отказ од американската авиокомпанија „Боинг“. Според најавите, до крајот на 2013 година компанијата ќе отпушти 800 работници, по што бројот постепено ќе се зголемува во зависност од процените за зголемената работна сила во одредени производствени сегменти.

Отпуштањата немаат никаква врска со проблемите на акумулаторите на авионите „787“, а овој чекор бил планиран  подолго време, тврди портпаролот на каомпанијата.

Претходно „Боинг“ ја запре испораката на авионите „787“ во средината на јануари, откако беше воведена забраната за летање на овој тип авиони. Сепак продолжија со изработката на нов модел на авион на „Боинг“. Од најновиот модел се очекуваше многу, меѓутоа од кога почна да лета се појавија низа технички проблеми, вклучувајќи ги палењата на акумулаторите и течењето гориво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top