| четврток, 6 декември 2018 |

Бред Пит купил јахта за 5,8 милиони евра

Холивудскиот актер Бред Пит купи луксузна јахта вредна 5,8 милиони евра откако го продал својот дел од лозјето во Франција. Тоа лозје беше во сопственост на Пит и на неговата сопруга, американската актерка Анџелина Џоли. Неодмна, најпознатата двојка ја лансираше сопствената линија на вино, која беше распродадена за помалку од пет часа.

бранџолина

Јахтата на Бред Пит е долгга 22,8 метри и за неа ќе се грижи косопственикот на „Мајкрософт“, Пол Ален, додека актерот снима филмови.

– Бред отсекогаш сакал јахта, а оваа што ја купи е совршена. На неа може да спијат осум лица, а ако ја користат за еден ден, има место и за повеќе. Му се допадна идејата со јахтата, тој, Џоли и децата да крстарат во близина на Сен Тропе, Франција – изјави извор близок на актерот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top