| четврток, 6 декември 2018 |

Одѕивот до 10 часот е 12,49 проценти, во Скопје гласале 10,75 проценти

До 10 часот во Македонија на гласање излегле 204.783 гласачи или 12,49 проценти, соопшти Државната изборна комисија според резултатите од 2.664 избирачки места.

Одѕивот е најголем во Кратово 22,29 проценти, во Кичево 20,89 проценти и во Крушево 18,22, а најмал е во Боговиње каде што на гласање излегле 6,5 проценти.

Според портпаролот на ДИК Билјана Јовановска, во Скопје до 10 часот гласале вкупно 48.497 лица или 10,75 проценти од евидентираните во избирачкиот список.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top