Сопствениците на објектите во Градскиот трговски центар во Скопје велат дека е најбитно тој да биде затворен и климатизиран и да биде пријатно за шетање и во лето и во зима, а не каква ќе биде неговата надворешност, пишува Телеграф.мк.
Тие укажуваат на потребата за итна реконструкција на најстариот трговски центар, нагласувајќи дека помалку е важно каков ќе биде надворешниот изглед, бидејќи сега граѓаните доаѓаат само да завршат работа, но не и за пазарење и за задоволство. ГТЦ е изграден од помошта по скопскиот земјотрес во 1971 година.
-Не можам да ги разберам полемиките што се водат за надворешниот изглед, а никој не зборува за негова реконструкција внатре – се пренесува еден од сопствениците кои долги години има бутик за облека во ГТЦ.
Во репортажата за ГТЦ, Телеграф укажува на провевот низ патеките, дека кровната конструкција е обрасната со трева, дека нема таванска конструкција, проблемите со ескалаторите, како и дека многу локали зјаат празни чекајќи нови сопственици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.