Во вторник (28-ми април) во 12 часот во Културниот центар “Феникс“ во Скопје ќе се одржи првото издание на меѓународниот Фестивал „Големи и мали деца“.
По омажите за Видое Подгорец и Томе Арсовски, ќе бидат врачени наградите “Големиот принц“ и “Малиот принц“, односно “Малата принцеза“.
Прв добитник на наградата “Големиот принц“ е истакнатиот македонски писател Александар Поповски. За ликот и творештвото на Видое Подгорец, Томе Арсовски и Александар Поповски ќе говори проф.д-р Васил Тоциновски.
Потоа ќе настапат поголем број писатели кои пишуваат за деца и млади, а ќе биде награден и еден млад автор кој ќе ја понесе наградата “Малиот принц“, односно “Малата принцеза“.
За наградата за млад автор секоја година ќе се натпреваруваат младите литерати од една Општина во Република Македонија, а овој новопокренат книжевен Фестивал за деца и млади во иднина ќе биде традиционален.
На Фестивалот “Големи и мали деца“, исто така, ќе бидат претставени илустрациите за деца и млади на академските ликовни уметници Стојче и Емилија Тоциновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.