Домот на млади-Штип по втор пат, се вклучува во семејството организации кои го обележуваат 30-ти април, Меѓународниот ден на џезот.
Меѓународниот ден на џезот ќе биде одбележан со музиката на најпознатите џез артисти и нивната изведба во овогодинашниот град на џезот – Париз.
Настанот предвидува директно вклучување и следење во живо на олстар концертот кој ќе се одржува во Париз, во организација на УНЕСКО. На концертот ќе настапат најпознтите џез музичари во светот. Herbie Hancock, Marcus Miller, Al Jarreau, Wayne Shorter, Dianne Reeves, Dee Dee Bridgewater, Rudy Perez, Terri Lyne Carrington, Dhafer Youssef, Femi Kuti, Ben Williams, John Beasley, Hugh Masekela, Till Bronner, Claudio Roditi, A Bu, Gregoire Maret, Lee Ritenour, Mino Cinelu, Igor Butman, Antonio Farao, Guillaume Perre и многу други.
– Со оглед на тоа дека Соединетите Американски Држави се колевка на џез музиката, а Американското катче од Штип е претставник на американската култура во нашиот град, тие се приклучуваат кон настанот во домот на младите и ќе обезбедат дванаесет фотографии од најпознатите џезери во светот. Фотографиите ќе бидат изложени во холот на домот на младит, информираат од Дом на млади – Штип.
Сите љубители на џез музиката можат да го проследат централниот настан по повод Меѓународниот ден на џезот во четврток (30-ти април) во 21 часот во Дом на младите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


