Екипата од втората по ранг лига во Англија, Чемпионшип-дивизијата, Бурнемаут првпат од нејзиното формирање од 1890 година се пласираше во Премиер лигата. Фудбалерите на Бурнемаут синоќа на домашен терен славеа убедлив триумф од 3-0 над Болтон, го обезбедија второто место на табелата зад Вотфорд и со три бодови предност пред Мидлсборо ќе влезат во последното коло со ипресивна гол-разлика и дури 19 позитива во однос на директниот конкурент што им гарантира дека следната сезона ќе играат во елитната конкуренција.
Во последното коло, Бурнемаут ќе се бори со првопласираниот Ватфорд, кој моментно има бод повеќе, и за шампионската титула во Чемпионшип-дивизијата на Англија.
Бурнемаут поведе преку Пуг во 39.минута, а пет минути подоцна Ричи зголеми на 2-0.
Во вториот дел, домашниот фудбалер Керморгант не реализира пенал, а Вилсон го постави конечниот резултат 3-0 за Бурнемаут за историски пласман во Премиер – лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата
-
Премиер лигата конечно ќе добие зимска пауза, но нема да стартува од следната сезона
-
Премиерлигашите потрошија рекордни 430 милиони фунти во зимскиот трансфер период