Келнерка од САД се расплакала откако еден од гостите во ресторанот ѝ оставил голема напојница. Тоа ѝ овозможило да да посети болниот син.
Сметката била 9,53 долари, а гостинот оставил напојница од 200 долари и напишал: Бренди, ти благодарам. Те слушнав како говориш за својот син. Искористи ги овие пари да го посетиш“.
Кога ја добила сметката и напојницата, келнерката почнала да плаче.
– Заплакав во кујната, кога ја прочитав пораката. Љубезни и грижливи луѓе уште постојат – рекла Бренди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.