Менди Ламрини од Берлин стана вистинска интернетска сензација благодарение на тетовираните веѓи и тоа не во позитивна смисла.
Иако веѓите ѝ се огромни и непропорционални, Менди на социјалните мрежи напишала дека е презадоволна од резултатот на овој естетски зафат.
Меѓутоа не долго по споделувањето на овие фотографии, новиот изглед на келнерката стана тема за исмејување на социјалните мрежи, а нејзините фотографии се проширија со неверојатна брзина.
На сите шеги, коментари и потсмевања, екстремната љубителка на тетоважи одговорила дека ваквите веѓи ѝ прилегаат далеку подобро од природните и дека сега е толку убава што многумина може само да ѝ завидуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.