| четврток, 6 декември 2018 |

Грција може да банкротира и сепак да остане во еврозоната

грција

Постојат 40 отсто шанси Грција да ја напушти еврозоната, покажа анкетата спроведена меѓу трговците на пазарот на пари, што ја објави Ројтерс, а ја пренесуваат грчките медиуми.

Во анкетата одговарале 20 трговци, од кои 75 отсто одговориле дека постои веројатност за излез на Грција од еврозоната, додека тој број минатата недела изнесувал 28 отсто.

Но, економистите биле поделени околу клучното прашање што може да одлучи за иднината на членство на Грција во еврозоната, дали може да не го плати долгот и се уште да остане со еврото.

Дванаесет од испитаниците рекле дека Грција може да банкротира и сепак да остане во еврозоната, додека осум рекле не.

Атина бара начини да исплати плати на државните работници и и е потребна нова помош од кредиторите за да може во мај да плати уште една рата на Меѓународниот монетарен фонд во вредност од речиси една милијарда евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top