| четврток, 6 декември 2018 |

560 делегати на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ (видео)

вмро дпмне15-тиот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи на втори и трети мај во Куманово. Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски за Канал 5  истакна дека владејачката партија се подготвува за партискиот конгрес на кој треба да се избере претседател на партијата.

-Подготовките се во полн тек, тие траат подолго време, во текот на вчерашниот ден Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука конгресот да се одржи во Куманово во домот на културата „Трајко Пркопиев“, ќе има 560 делегати на конгресот избрани по раличен основ, најголем дел од нив избрани од страна на општинските комитети на партијата, изјави Димовски.

Списокот, додаде тој, е објавен јавно на веб страната на ВМРО-ДПМНЕ.

-Постапката за избор на претседател на партијата е позната на јавноста. На истиот начин сме бирале неколку пати по ред, најмалку 30 делегати на Конгресот во согласност со деловникот имаат право да предложат кандидат за претседател, вели Димовски.

Рокот за поднесување на кандидатура за претседател е до петок до 15 часот во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Гласањето, потенцираше Димовски, е тајно и гласаат сите присутни делегати без исклучок. Оној кој што ќе добие најмногу гласови ќе биде претседател и ќе ја води партијата во следните 4 години.

– Без разлика на политичкиот моментум ВМРО-ДПМНЕ е стабилна политичка партија, приоритет има развојот на државата и стабилност, напредок и нови работни места. Наша концентрација на овој конгрес ќе бидат воспоставување на одредници за политиките на  партијата  кои што ќе се импицираат и политики во државата за крупни и значајни стратешки приоритети на РМ, во делот на финансиите, во делот на социјалната помош, во делот на инвестициите, грижата за пензионерите и за младите, потенцираше Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top