| четврток, 6 декември 2018 |

До банкрот на Грција уште две недели, тврдат германски медиуми

грција

Премиерот на Грција Алексис Ципрас кој синоќа по телефон разговарал со германскиот канцелар Ангела Меркел и шефот на еврогрупата Јерун Диселблум, според информации на Билд, се обидел да ги убеди да дадат нова помош за Грција на која како што се наведува, за две недели и се заканува банкрот.

– Владата на Грција нема веќе пари, државен банкрот е закана во следните две недели- наведува весникот пренесувајќи изјава на дипломат од Европката унија.

– Во Грција гори, а тие немаат ни капка вода да изгаснат пожар. Ситуацијата е повеќе отколку драматична -навел изворот.

Тој тврди дека Грција не може да враќа кредити и дека не е јасно дали и пензиите и платите ќе може да се исплатат во целост.

Ципрас и Меркел синоќа во телефонскиот разговор договориле да одржуваат контакти за време на преговорите на Грција и нејзините доверители за да се постигне договор за грчкиот долг.

На состанокот на министрите за финансии на еврозоната во Рига посветен на Грција, одржан минатиот викенд, изразена беше надеж дека критиките упатени од тој форум ќе забрзаат процес на реформи кои Атина треба да гис проведе за да добие спасоносни 7,2 милијарди евра кредит од меѓународен пакет помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top