Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски ги демантира тврдењата дека за еден час ќе биде скратено работното време на угостителските објекти.
– Тоа не е точно. Кафулињата и кафеаните ќе останат со истото работно време како и досега. Не знам како се провлече таа вест, беше само дискусија на некои од станарите. Сакам тоа да го демантирам и да кажам дека кафулињата ќе работат со истото работно време како и досега – подвлече Трајановски одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на Генералното собрание на ЗЕЛС.
Минатата недела медиумите објавија дека се готви нов закон со кој ќе се скрати работното време на кафулињата и дека ќе бидат отоврени до 23 часот во работни денови за за викенд до полноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Осумчасовното работно време е погубно за организмот
-
Во Северна Кореја вака се забавуваат: Ова е бар во Пјонгјанг (видео)
-
Уште еден угостителски објект во Аеродром затворен заради шеќерчиња со лого на општината?
-
Следните четири викенди кафулињата и рестораните во Скопје ќе работат до 2 часот по полноќ


