| четврток, 6 декември 2018 |

Следните четири викенди кафулињата и рестораните во Скопје ќе работат до 2 часот по полноќ

Советот на градот Скопје денеска треба да донесе одлука со која работното време на угостителските објекти треба да се продолжи за еден час во следните четири викенди.

Спред предлог-одлуката, кафулињата, кафеаните, рестораните и другите објекти што се наоѓаат на подрачјето на Скопје ќе можат да работат до 2 часот по полноќ во на 18 и 19 август, 25 и 26 август, 1 и 2 септември, како и 8 и 9 септември, односно следните четири петоци и саботи.

Вообичаеното работно време на угостителите е до 1 часот по полноќ во петок и во сабота, а до 12 часот во другите денови. Во образложението се вели дека градот Скопје има право да го продолжи ова време за најмногу три часа за време на одредени манифестации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top