| четврток, 6 декември 2018 |

Еден Азар и Хари Кејн најдобри оваа сезона во Премиерлигата

Chelsea vs PSG

Сосема очекувано, Еден Азар е прогласен за најдобар фудбалер оваа сезона во Премиерлигата. Играчот на Челси  ја наследи титулата од Луис Суарез, кој е минатогодишен добитник, а во трката за најдобар фудбалер ги победи Давид де Хеа, Алексис Санчез, Хари Кејн, Кутињо и Диего Коста.
Изборот го вршат сите фудбалери во Премиерлигата, а Азар имаше фантастична сезона, играше констатно добро и е еден од најзаслужните што Челси се наоѓа на првото место на табелата и на пет кола до крајот има речиси недостижни 10 бода предност.

– Многу со среќен. Еден ден сакам да бидам најдобар, се надевам дека сум на добар пат. Играв добро цела сезона, целиот тим играше добро. Не знам дали ја заслужувам наградата, но чувството е прекрасно. Многу ми значи затоа што ова признание доаѓа од колегите од Премиерлигата – изјави Еден Азар.

eden azar

Признанието за најдобар млад фудбалер за оваа сеозна во Англија оди во рацете на играчот на Тотенхем, Кари Кејн. Напаѓачот на лондонскиот тим е најголемото изненадување оваа сезона, во која до сега постигна 20 гола, а стигна и до репрезентавниот дрес на Англија кој на своето деби постигна и гол.
Сезоната од сонишатата ја круниса со одличната награда која во потполност ја заслужи.

hari kejn

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top