Владата на американскиот претседател Барак Обама размислува за промена на политиката на земјата – сака да воведе забрана за семејствата на американските заложници во странство за плаќање откупи за нивните киднапирани роднини, пренесоа светските агенции повикувајќи се на телевизија „Еј-Би-Си“.
Овој предлог се содржи во експертскиот извештај со препораки до Белата куќа.
Тројца високопозиционирани претставници на американската администрација за агенциите потврдиле дека таа е на пат да ја преразгледа својата политика за ова прашање. Тие, меѓутоа, не посочуваат кога може да се донесе соодветната одлука.
Претставник на Белата куќа одби да даде коментар на темата.
Владата на САД почна да ја преразгледува политиката што се однесува на плаќањата откупи на грабнатите Американци во странство откако џихадистичката група Исламска држава минатата година во Сирија го обезглави Џејмс Фоули. Семејството на американскиот новинар тврди дека Белата куќа им се заканила со судење доколку се обиде да плати откуп за својот роднина.
Американски командоси минатата година имаа неуспешен обид да го ослободат Фоули и другите заложници на Исламска држава. Потоа Американецот беше убиен од џихадистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Заврши заложничката драма во Келн: Осомничениот е повреден
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите