| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Оставивме сами да одлучат граѓаните на Центар

Ilija dimovski kordinator (2) (Custom)

ВМРО-ДПМНЕ немаше политичка партиципација на овој референдум освен административна во согласност со законот, немаше повик граѓаните да не учествуваат на овој референдум и немаше кампања која би повикувала на гласање или не за овој референдум. Тоа оставивме сами да го одлучат сите граѓани, и оние кои се членови на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, на било која партија или воопшто не се членови на партии, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека владејачката партија не кажала дека некое прашање не заслужува одговор онака, како што рече, како што СДСМ го направи тоа за Законот за територијална организација.

– Фактот дека опозицијата има свое најсилно упориште токму во Општина Центар, во која победија на локалните избори и фактот дека наметнаа референдум за прашање за кое многу граѓани изградија став без разлика на својата партиска припадност, неуспехот на овој референдум е силна и јасна порака не само на граѓаните на Општина Центар, туку од сите, дека нема да дадат поддршка на сценарија и политичка злоупотреба која нема никаква конкретна позитивна цел за самите граѓани – рече Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top