Во повеќе напади и експлозии на автомобили-бомби ширум Ирак загинаа 22 лица, соопштија ирачките власти.
Најтешкиот напад се случил кога експлодирал автомобил-бомба во близина на воен контролен пунк во околината на градот ал Нукаиб, при што загинаа седум војници.
Седум луѓе загинаа, а 25 се повредени во експлозијата што се случи во центарот на Багдад.
Неколку часа претходно, најмалку четворица цивили загинаа, а деветмина се повредени во експлозијата во градот Махмудија, околу 30 километри јужно од Багдад.
Напад имало и во багдадската населба Амил при што загинале тројца, а 13 лица се повредени.
Багдад речиси секој ден е мета на бомбашки напади, чија цел претежно се припадниците на безбедносните сили и шиитите. Се претпоставува дека зад нападите стои Исламска држава и другите сунитски екстремисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.